Славниот моден фотограф Питер Линдберг го посвети видеото произлезено од фотосесијата ‘Walking’ на неодамна починатата уредничка на италијански Vogue, Франка Соѕани. Станува збор за краток филм, снимен за време на сликањето на едиторијал минатиот јуни во Менхетн што на 90 страници излезе во октомврискиот број на Vogue. Црно-белото видеото, кое е промовирано деновиве, го сними фотографот и режисер Томас Лашамбре.
Фотографирањето траело три дена, а биле вклучени повеќе модели, меѓу кои и Мила Јовович, Адријана Лима, Ирина Шајк, Лара Стоун, Карен Елсон, Изабела Фонтана, Керолин Марфи, Лиу Вен, Алек Вик, Хелена Кристенсен, Карен Александер, Татјана Патиц и Ева Херцигова, додека музиката е од Рајан Рамери.
Германскиот фотограф Линдберг, кој се прослави во 90-тите години со фотографирањето на топ-моделите од златната генерација, имаше силна поддршка во кариерата од Соѕани, со која стана и близок пријател и соработник. За нејзе напиша емотивна порака:
„Драга Франка, ти си најталентираната, неконвенционална и духовна жена…и целосно прекрасна“.
Нема коментари