Модниот дизајнер Пјер Карден веќе неколку децении е сопственик на футуристичката вила наречена Palais Bulles (Палата од меури) на ридовите над Кан, на југот од Франција, но оваа необична градба составена од повеќе сфери во црвено-кафена нијанса ставена е на продажба по цена од вртоглави 300 милиони фунти. Дизајнерот на ова место организира многу забави и модни презентации, а токму во Palais Bulles Раф Симонс во мај годинава прикажа ресорт-колекција на „Диор“. Изградена меѓу 1975 и 1989 година од страна унгарскиот архитект Анти Ловаг, палата има 27 сфери, десет спални соби, органски кружни форми организирани на околу 1.200 метри квадратни, како и неколку базени и амфитеатар со 500 места и спектакуларен поглед на Средоземното Море. (К.Т.)
Нема коментари