Терапија претставува платформа чија цел е креирање на простор за развој на независна културна и клупска сцена. Македонија отсекогаш имала вибрантна клупска сцена која била на рамниште со сцените во регионот и Европа. Клубовите беа витални места на поврзување, ослободување и задоволства.
- Ние, креаторите на платформата Терапија силно веруваме дека истата енергија може да се постигне доколку се вложи во промена и адаптирање на новата ситуација. Пандемијата физички нè оддалечи, но виртуелниот простор има потенцијал да ги надминува овие предизвици. Терапија е место на кое ќе се поврзуваме едни со други со цел заживување и развој на електронската музичка заедница. Ги насочивме нашите погледи кон иднината додека ги негуваме корените во минатото за да ги споиме новите технологии со уметноста, да ги активираме нашите тела и критички го ангажира умот. ТЕРАПИЈА ве повикува на колективно дејствување со цел спас на нашата сцена - велат од тимот на Терапија.
Тие потенцираат дека куќните правила на Терапија треба да се почитуваат и за нив неприфатливи се расизмот, хомофобијата, трансфобијата и сексизмот во нивните клубови и нема да бидат толерирани како дел од ова нивно виртуелно дружење. Почитта кон другиот е нивен врвен императив, а говорот на омраза, малтретирањето и вознемирувањето се најстрого забранети
Нема коментари