• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
Мода 0

Студенти од Европски универзитет и ФОН универзитетот ќе заминат на студиско патување во Полска

Од stylist @StylistMKD · На март 17, 2017

Изложба-Македонија-како-туристичка-дестинација-5

Kонкурсот за студентски плакат на тема „Република Македонија како туристичка дестинација“, што го организираат Плакарт, Музеј на град Скопје и Амбасадата на Република Полска во Република Македонија, вчеравечер ја доживеа својата кулминација.

Жирито во состав Лазе Трипков, директор на Музејот на современа уметност, Томислав Микулчиќ – директор на Музејот на град Скопје, Ласко Џуровски – основачот на Тотем дизајн студиото, Ришард Каја – реномиран плакатист и илустратор од Полска и Н.Е. Јацек Мултановски – амбасадор на Република Полска во Република Македонија направија селекција од пристигнати 123 плакати од 7 факултети по визуелни комуникации или сродни насоки од земјава.

Финалната изложбата на плакати, која беше отворена во Музејот на град Скопје вчеравечер, вклучуваше 50 студентски дела. Дополнително, изложбата е надополнета со поставка насловена „Мал плакат“, составенa од 20-тина детски цртежи на истоимената тема, добиени како резултат на работилницата која полскиот илустратор и плакатист Ришард Каја ја менторираше во ноември 2016 во рамките на 9. Скопје постер фестивал.

Ана-Петрова

Ана Петрова

Во присуство на студентите – учесници, нивните професори и ментори, дечињата кои беа автори на детските цртежи и љубителите на плакатот претседателот на Плакарт, Гере Трипков, амбасадорот на Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски и директорот на Музејот на град Скопје, Томислав Микулчиќ ги обзнанија добитниците на главните признанија.

Добитниците на 3-те главни награди беа наградени со студиско патување во Полска во 2017 година. Ана Петрова и Иван Дургутовски – студенти на Факултетот за арт и дизајн од Европскиот универзитет и Анастасија Јовческа – студентка на Факултетот за дизајн и мултимедија од ФОН Универзитет ќе имаат можност да патуваат по стапките на големите полски мајстори на плакат и да се запознаат и да ги проучат вредностите и значењето на оваа маркантна школа за дизајн, искуство што ќе им служи во развојот на нивната кариера.

Иван-Дургутовски

Иван Дургутовски

Ана Грковска – студентка на Факултетот за Архитектура од Универзитет Св. Кирил и Методиј и Лара Маринковиќ – студентка на Семос – Академијата за дизајн се добитници на почесното признание и можност да соработуваат со Музејот на град Скопје, да одржат студентска пракса и да учествуваат во подготовка на промотивните материјали на во оваа значајна културна институција во текот на 2017 година.

Специјална награда од Ришард Каја беше доделена на Кристијан Арсовски, студент на Факултетот за Архитектура од Универзитет Св. Кирил и Методиј, додека специјалната награда од амбасадорот на Република Полска во Република Македонија ја прими Томислав Акимовски – студент на Факултет за ликовни уметности од Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Изложбата на студентски плакати на тема „Република Македонија како туристичка дестинација“ по нејзиното претставување во Скопје ќе добие патувачки карактер и ќе биде поставена во домовите на култура во 18 градови низ земјата.

Главната цел на конкурсот за студентски плакат на тема „Република Македонија како туристичка дестинација“ беше добивање на плакат со современ израз како дизајнерски производ, преку кој ќе се промовира како земја со богато културно наследство, зачувани природни богатства и богата духовна ризница. Преку одбраната тема, организаторите одлучија да стават акцент на прашањето на квалитетно дизајнирана промоција на Република Македонија во светот како атрактивна туристичка и културна дестинација.

Анастасија-Јовческа

Анастасија Јовческа

Овој конкурс беше реализиран во рамки на долгорочната соработка на Плакарт, Музеј на град Скопје и Амбасадата на Република Полска во Република Македонија. Значително влијание во успехот имаше Арт-линк мрежата, иницијатива на Музејот на град Скопје која е соединувачка алка на образовните со културните институции во земјата, во која значајна улога има и Плакарт. Проектот во чии рамки беше организиран и овој конкурс, започна во април 2016 година со изложбата „Полската школа на плакат“, која на македонската публика и ја претстави една од најстарите и најкарактеристичните школи за плакат и со предавањето на Лазе Трипков, директорот на Музеј на современа уметност, кој како магистрант на катедрата на маестралниот Лех Мајевски е своевиден претставник на полската школа на плакатот.

Ана-Грковска

Ана Грковска

Лара-Маринковиќ

Лара Маринковиќ

Кристијан-Арсовски

Кристијан Арсовски

Томислав-Акимовски

Томислав Акимовски

Сподели Tweet

stylist

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics