Вчеравечер и официјално започна фестивалот „Скопје креатива 2016“. За отворен го прогласи директорката на Конгресен центар „Александар Македонски“ Вера Бошкова. Свое кратко излагање имаа кураторот на фестивалот, Иван Мирковски, како и програмскиот директор Иванка Апостолова која упати и голема благодарност до сите учесници на овогодинешната „Скопје креатива“. Добредојде им посака и на нашите странски изведувачи кои во текот на вчерашниот ден специјално допатуваат за фестивалското отварање.
На првиот фестивалски ден, на бината се претставија „Инфо млади“ и креативни, млади средношколци кои под менторство на својот професор, Небојша Јовановиќ-филмски режисер, изработија кратко видео насловено „Недела“, кое беше прикажано на големото платно. Свое излагање имаа и учениците од СУГС „Лазар Танев“, претставувајќи ѓи своите кулинарски специјалитети, како и учениците од проектите мода и дизајн и макети. Посебно внимание за посетителите предизвика изложбата на студентите од Архитектонски факултет (УКИМ) кои изработија вистинско ремек дело на Пикасо користејќи само картон, но и Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет. Изложби имаа гостите од Грција со проектот „Агро дизајн“, како и гостите од Косово (Гезим, Арбер и Елиза Хоџа). Свое излагање зедоа и 33 поп-ап продавнци изложувајќи ги за прв пат своите уникатни предмети пред присутните. За загревање на просторот беа задолжени групите „ТИ“ и „Фулишгрин“ кои ги размрдаа присутните на главната бина.
Денешниот ден носи нови предизвици, презентации, работилници и мастер предавања. Денеска со свои презентации ќе се представат: Ренета Георгиева од Бугарија (Капана), Кристијан Бениќ од Хрватска, Карл Малмвал (ИКЕА) од Шведска, Универзитет Аристотел од Грција и Игор Трупина, Словенија. Излагање со свои работилници ќе имаат Спирит центарот, Култ Транзен и Ивица Стоимановски. Во вечерните часови Архитектонски факултет ќе имаат свое видео и мултимедијално претставување, а Диџеј Адо ќе се погрижи да забават на гостите да остане во топла и пријатна атмосфера.
Фестивалот, денеска почнува во 10:00 часот со целодневна програма и трае до полноќ. Влезот за посетителите е бесплатен.
Љубителите на модата и дизајнот може да ги посетат поп-ап продавниците на повеќе автори, повеќе на следниов ЛИНК.
Нема коментари