Модниот бренд Parfois преку својата централна кампања за пролет-лето 2022 наречена Sunseekers ја раскажува приказната за „трагачите по сонце“, објаснувајќи дека sunseeker e личност која ужива да поминува време на отворено додека е топло, особено личност која патува на некоја дестинација поради топлината и сонцето. Кампањата снимена на островот Ланзароте илустрира една летна аванатура и поконкретно колекција која содржи смели колоритни парчиња. Периодов вниманието ни е насочено на летната гардероба и есенцијалните парчиња што ги носиме на летување и на плажа – костими за капење, мини здолништа, летни блузи, шорцеви и фустани, модели со впечатливи принтови и бои. Акцентот на брендот секогаш е на модните додатоци – големи торби и мали чанти, морнарски капи, ланчиња и алки со монистра, големи обетки во јаки бои, накит со школки, сандали и очила за сонце.
Нема коментари