Дизајнерите Фернандо Гарција и Лора Ким во својата втора колекција под името Оскар де ла Рента, прикажана на Њујоршката модна недела, пишуват нова, посвежа и подмладена приказна во американската модна куќа, но врз темелите на естетиката на самиот основач. Во потрага по вистинската формула како да се модернизира една модна куќа со богата историја, Гарсија и Ким тргнаа со претставување на раскошни фустани инспирирани од креациите на самиот Оскар де ла Рента наменети за црвениот килим. Во колекција за пролет-лето 2017 има фустани од тул во интензивни бои, гламурозни тоалети со сложена структура и транспарентни креации со апстрактно поставени парчиња ткаенина. Но во желба да ја привлечат помладата публика, дизајнерите прикажаа дневна облека која е поблиска до стилот на нивниот бренд Monse – кошули и здолништа разиграни со дамки од боја, модели исшарани како уметнички слики, креации во полежерен дух и џинс кој претходно не беше застапен во колекциите на куќата.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари