Трендот на ултра долги нокти со нападен лак и со многу светки и разни украси никогаш не ни се допаѓал, затоа препорачуваме, прво секогаш да имате уредни нокти, а потоа подобро е нокти обоени во класично црвена боја, или во неутрални и светли тонови, додека класичниот француски маникир е секогаш добра идеја. Но, кога сакате да го разиграте францускиот маникир, предлагаме да се инспирирате од новиот тренд – кратки или средно долги нокти со неутрална основа од нежно беж или бел проѕирен лак, врз кој се нацртани прави или синусоидни линии, кругови или топчиња во темни и флуоресцентни бои.
Нема коментари