• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Поинакво музичко патување викендов со „Звукот на Скопје“

Од stylist @StylistMKD · На септември 12, 2022

306150124_1280959439326699_6380503520071555262_n

Манифестацијата „Звукот на Скопје“ почнува в петок,  16 септември, и на градот му носи свежина и нова енергија преку содржините што ги нуди. Музички ѕвезди, инспиративни изложби, театарска претстава за деца, поезија… Скопјани викендов ќе имаат забава за паметење.

Плоштадот пред Филхармонијата („Мајка Тереза“) е местото каде в петок ќе настапи Констракта и „Земља грува“ (Zemlja gruva), која годинава ја претставуваше Србија на натпреварот за најдобра песна на Евровизија и предизвика големо интересирање во регионалната, но и европската јавност и медиуми со впечатливиот сценски настап, ангажираноста и пораките кои ги испрати преку својата изведба. Нејзината оригиналност и писменост, која е „во судир“ со сета поп, фолк и турбофолк музика распространета во Србија и во екс-југословенскиот регион ја издигнува над постоечките жанрови и нуди поинаков универзум. Според критичарите нејзината музика се смета за „претставување на светот, земјата, климата, уметноста и културата на кои таа и многу луѓе припаѓаат“.

На настапот на Констракта, му претходи младиот панк бенд „Хајка“ од Скопје. Станува збор за бенд од помладата генерација, инспирирани од минатото и бит-генерацијата. Досега имаат издадено едно EP и еден албум, а во поддготовка е и вториот албум „Мека Машина“. Младите музичари имаа забележителни настапи на „Здраво Млади“ и „Земјотрес“ и токму тие ќе го отворат „Звукот на Скопје“ на 16 септември, а по нив следува настапот на Дина Јашари & другари, која е најголемото освежување на новата македонска музичка сцена. Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни лирики, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена. Минатата година го издаде своето прво EP насловено „Дома“ кое ја зацврсти на мапата како една од најталентираните млади артистки на Балканот.

Низ чаршијата, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да го проследат настапот на гудачкиот квартет „Вива стрингс“. Овој класичен камерен состав го сочинуваат: Елена Талевска, прва виолина, Димитар Михајловски, втора виолина, Дубравка Зајкова, виола и Дејан Теодосиевски, виолончело.

Од своето оформување целта на „Вива Стрингс“ квартетот е заедничко музицирање, изнаоѓање на алтернативен простор за сопствена афирмација, за сопствен израз, презентирање и етаблирање на сите негови членови. „Вива Стрингс“ се редовен претставник на камерното музицирање и недвосмислено ја етаблираат класичната музика и квалитетната уметност на пошироката публика. Неговите членови се дел од Македонска филхармонија, каде важат за истакнати и докажани професионалци.

Diaz Wojtas Duo ќе настапат пред Стоковната куќа „Мост“, а за љубителите на ликовната уметност, Културно информативниот центар-Скопје, кој е организатор на манифестацијата „Звукот на Сопје“, в петок овозможи да се погледне изложбата „MACEDONIA“од бразилските уметници Даниел Kастинет ( Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto) во просториите на КИЦ (Империјал I). Двајцата автори во 2019 година учествувале на уметничката резиденција Де Ниро во Битола и оттаму ги пренесуваат своите скици и цртежи, материјални и нематеријални интернализирани визуелни и душевни записи. Нивната изложба „Македонија“ е разговор меѓу два света, покана за приближување и поместување на границите меѓу местата и културите, изложба што го слави пријателството. Двајцата уметници, со духот на блискоста, во своите дела биле водени од новите простори, кои ги содржеле старите византиски фрески, кули направени со лушпи од јајца, уличките и манастирите, статуите без глава, иконите со издлабени очи, џамиите…Зборуваат за нивните чувства, соништа, нивните села, нивниот светоглед.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics