• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Нова димензија на сценско музичко доживување во Скопје

Од stylist @StylistMKD · На септември 11, 2019

FB_IMG_1566911106738

На 20 септември ќе се одржи уникатната барокната претстава „Dido and Aeneas“ (Дидо и Енеј)

Септември е месец каде културните и музички манифестации совршено прилегаат на општествената агенда за културен раст и развој. Поради тоа ЗГУРМК „Полифонија“ од Скопје организира неколку атрактивни музичко сценски проекти чии композиции никогаш до сега не се изведени во државата во професионален состав. На 20. септември 2019 ќе се одржи уникатна барокната претстава „Dido and Aeneas“ во камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје.

„Dido and Aeneas“ е едночасовна барокна опера базирана врз поезија на Римскиот поет Виргилиј. Музиката е напишана од еден од најславните англиски композитори на сите времиња, Henry Purcell. Претставата која се смета како монументално дело на Барокот раскажува за љубовта на картагенската кралица Дидо кон тројанскиот херој Енеј и нејзината огорченост кога поради политички причини тој ја напушта. Во претставата е сместена и аријата Dido’s Lament која е една од најграндиозните лирски мелодии на барокот. За оваа композиција потребна е барокна артикулација и специфики на изведба кои ќе бидат претставени и пренесени до нашите солисти преку реномирани барокни уметници од Канада и Германија, како и и македонските уметници Васил Гарванлиев, Емилио Перцан и Сања Шуплевска.

Г.А.П. Гиовани Антонио Пијани (Германија) е класичен ансамбл специјализиран за барокни перформанси и како таков еден од најбараните барокни ансамбли во Европа. Ансамблот е предводен од виолинистот Емилио Перцан, професор на универзитетот во Грац, Австрија. Васил Гарванлиев кој по својата две-децениска светска кариера (со професионални ангажмани во еминентни центри во Чикаго, Торонто, Милано и Лондон) за прв пат настапува со оперска улога пред нашата публика во улогата на Енеј. Оперската дива Криста де Силва (Канада) која по солистички улоги (Кармен, Кандид, Идаманте, Консепција) на еминентни подиуми како Опера ду Монтреал, Калгари и Едмонтон Опера за прв пат настапува пред Македонската публика во улога на Дидо. Лаура Џин Елигсен од Канада која во овој момент е професионално ангажирана во грандиозната ШтацОпер Виена, Австрија, ќе се претстави со улогата на Белинда. Ансамблот ИН МЕДИАС РЕС на Полифонија е составен од домашни извонредно талентирани солисти и пејачи.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, Гете-институт во Скопје и Канадскиот музички центар во Скопје.

Претставите кои ги подготвува „Полифонија“ за сезоната 2019 во соработка со Канадскиот музички центар во Скопје и реномирани музички групи и уметници од Германија и Австрија имаат заеднички акцент кој е ставен на современи техники за соодветно претставување на музиката и солистите. Со тоа публиката би имала можност одблиску да го доживее овој вид на уметност кој е инструмент на долгогодишна европска традиција и комуникација.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics