За оние што летуваат на Миконос, Ибица, сен Тропе или Палма де Мајорка одморот може да значи и спеклауларен и можеби неочекуван шопинг во привремените продавници на брендовите како Loewe, „Шанел“ и Oysho. Еве мал водич низ поп-ап продавниците во ексклузивните летувалишта на Медитеранот.
Loewe – Ибица
Музејот на современа уметност на Ибица му отстапи простор на луксузниот шпански бренд за да отвори „летна продавница“ што ќе функционира со 6 септември.
Стела Макартни – Ибица
Не постои сомнеж дека на Стела Макартни ѝ се допаѓа Ибица, па овде во јуни отвори привремена продавница. Бутикот сместен во простор уреден во еколошки дух во марината Ибица ќе биде отворен до октомври.
Oysho – Миконос
По поставување на нивните поп-ап бутици во Форментера и Тарифа, ова лето компанијата концептот на привремена продавница го пресели во Грција, во срцето на островот Миконос (Kambani 3), каде ќе „престојува“ до крајот на летото.
„Ботега Венета“ – Ибица
Познатиот италијански бренд за прв пат отвора поп-ап продавница на адресата 20 Paseo Juan Carlos I во градот Ибица, а до крајот на септември во просторот од 50 метри квадратни ќе се продаваат модни додатоци и летни креации.
„Шанел“ – Сен Тропе
Брендот се стационира во поранешниот хотел La Mistralée, а во склоп на продажниот бутик има и базен и простор за одмарање. Ова е вистинското место каде може да ги купите познатите еспадрили со логото на „Шанел“. Функционира до октомври на адресата 1 Avenue du General Leclerc, Сен Тропе.
Better – Палма де Мајорка
Мода, декорација, книги, козметика и многу повеќе нудат неколку брендови здружени под покровителство на поп-ап експертот, агенцијата Better, сместени во голем простор во Палма де Мајорка, на островот Мајорка.
Нема коментари