• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Празнични денови во домот на дизајнерот Никола Ефтимов

Од Катерина Трајановска · На декември 24, 2015

0

Месецот декември за познатиот дизајнер Никола Ефтимов значи подготовки за празничните денови кои почнуваат со католичкиот Св. Никола, потоа следат Св. Луција, православниот Св. Никола, вечерва на католичкиот Бадник тој ќе оди на миса во црква, по што утре следи свечен ручек кај неговата сестра Јасмина, а празничната сезона ќе ја финишира со православниот Бадник кој ќе го прослави во домот на татко му. Неговите македонски, хрватски и австриски корени му овозможиле богатство од влијанија, различни традици и растење, како што вели, во духот на толеранција, што е особено евидентно во овој период од годината. Дизајнерот ни откри колку многу му значат овие денови и како ги слави празниците, а ни кажа дека овој период на Адвент секој ден се раѓа нова идеја за поставување на некој предмет или одредена декоративна група на одредено место. Како љубител на убавото и содржајното, внимателно уредува и декорира и често композицијата ја објавува на својот профил на „Фејсбук“, а сега ни го објасни значењето на некои од нив.

3

Празничните денови во домот на Никола Ефтомов почнуваат со католичкиот Св. Никола

На социјалните мрежи веќе некое време постираш декоративни идеи, старински предмети и семејни фотографии, цвеќиња и разни аранжмани, што овие работи претставуваат за тебе и што те поттикнува да ги селектираш, организираш и фотографираш?  

-Верувам дека секое човечко битие го има капацитетот да ја раскаже својата индивидуална приказна, исткаена од личното искуство, односот кон семејството, средината која го формирала, едукацијата итн. Потекнувам од семејство кое е етнички многу мешано, но доминантни влијанија се македонското, хрватското и австриското по мојата баба по мајка. Во втората половина на педесеттите години на минатиот век мојот татко заминал во Загреб да студира фармација. Таму ја запознал мајка ми. Започнала искрената и длабока љубовна приказна, која понатаму резултирала со брак и создавање на семејство. Иако домот го формирале во Скопје, јас со мојот брат и сестра растевме и во Загреб. Духот на толеранцијата и почитувањето на католичката и православна традиција го одбележија мојот живот. Подготвувањето за еден од најсвечените празници во текот на годината за мене е можност да ги помилувам сите спомени од годините кога се формирав како личност и да се искомуницирам со оние кои го напуштија физичкиот свет. Тоа си го должам на себе и на нив.

1

Новогодишно декорирање во знакот на модата

Празниците кај тебе почнуваат со Св. Никола преку католичкиот Божиќ сè до православниот Божиќ? Како изгледаат овие денови во твојот дом?

-Секоја година, колку и да сум зафатен со моите обврски, наоѓам време во последните месеци од годината полека да се подготвам за Божиќ. Ги чистам старите украси, гледам дали нешто ситно треба да се обвнови, полека ми се стабилизира и надоградува идејата како би декорирал таа сезона… Тоа е време на медитација и рефлексија. Како се нижат празниците, така полека расте еуфоријата. Католичкиот Св. Никола, Св. Луција (денот кога мајка ми ставаше да ‘рти пченица, а јас понекогаш леќа поради декоративноста на младите растенија), православниот св. Никола и конечно Бадник на 24-ти декември. Тоа е ноќта кога со сестра ми одам на миса. Веќе следниот ден сме на гости кај неа. Откако почина мајка ми, сестра ми ја презеде организацијата на семејните средби за најголемите католички празници. Овие денови се појачано емотивни, радосни поради симболиката на празникот, тажни поради тие што си заминаа.

После прославата на Новата година, следи православниот Божиќ. Бадниковата вечер е постојано кај татко ми, негов најголем благослов се членовите на семејството, негова најголема среќа кога тие ќе му го исполнат домот.

Во однос на мојот дом, во целиот период на Адвент, секој ден се раѓа нова идеја за поставување на некој предмет или одредена декоративна група на одредено место.

8

„На кафе со баба ми“

Што значат овие празнични денови за тебе? Колку ти се емотивно важни?

-Длабоко сум убеден во идејата дека секоја егзистенција која е поттикната од идејата за љубов кон себе, човештвото, нашиот дом планетата Земја, секој облик на живот итн, е приказна вредна за почит. Различните религиозни пракси се само различни искуства, никое од нив ја нема ексклузивноста на единствениот избор и пат, во крајна линија, сите доминантни учења се сведуваат на принципот на љубов.

По одреден сплет на околности јас сум крстен католик во Загреб. Сè уште се сеќавам на првата причест во загрепската катедрала, на првите часови по веронаука, на грижата на мојата баба да ми ги даде основите за мојот духовен развој и општите етички начела. Таа беше голем верник, но никогаш исклучив. На неаѝ ги должам лекциите за демистификација на злото, но и за принципот на љубов кон секој тип егзистенција и животен избор.

Како што веќе кажав, овие празници се период на појачани емоции. Деновите се одбележани со многу насмевки, многу прегратки, но и многу солзи, што јавни, што скришни да не бидат вознемирени ближните.

2 nikola eftmov

Во чест на Св. Никола

Меѓу сите овие предмети во твојот дом веројатно има некои што најмногу ти значат…

-Во текот на годините се собраа многу предмети со исклучителна сентиментална вредност. Дел од нив јас ги имам набавено, други се драги подароци од пријателите од периодот кога ги собирав кај мене да ги одбележиме најголемите католички празници, некои се останати од моето семејство. Минатата година татко ми ми подари три големи кутии со божиќни декорации кои ги користеше мајка ми. По првичната среќа, се стаписав, ми требаше некое време да се соземам од идејата дека таа за последен пат ги има допрено пред да замине. Се собрав, ги отврив кутиите, мислам дека секој лампион имаше своја приказна, а пред очи ми пролетаа минатите празници и спомените од дотогашниот живот.

Во  празничните денови постојано се присутни и предметите кои ми ги има поклонето мојата баба од Загреб, матријархот на тој дел од семејството.

12

Ѕвезди со кристали, подарок од сестрата на Никола

Да не ја заборавиме модата и да споменеме нешто професионално – со што се занимаваше периодов и кои се следните планови?

-Откако решив да прекинам со пласирање на готова облека, целиот мој професионален фокус е на создавање облека по мерка. Како кај нас најчесто модните презентации се сведуваат на егзибиции на колекции, а во услови на ниту од далеку формирана модна сцена, решив нештата да ги правам според мојот календар. Онака како чувствувам и имам време, така и ќе подготвувам проекти кои се надвор од редовното работење. Пред извесен период започнав со подготовките на еден ислучителено автореферентен проект, во кој ќе се занимавам со машката мода. Не е врзан со рокови, постепено ќе објавувам материјал за презентација. За следните проекти читателите на Stylist.mk ќе ја имаат први можноста да бидат информирани кога ќе созреат условите.

4

10

Холандски декоративни фигури направени од различни ткаенини

5

11

Еден од омилените предмети е овој фенер подарок од пријателка

7

На католичкиот празник Св Луција се сади божиќна пченица, која според традицијата треба да ја предвиди жетвата во следната година, а Никола овојпат засади леќа

9

Ѕвоно со рачно сликан италијански ангел

6

божикбожиќни празницидекорирањемакедонски дизајнериНикола Ефтимовновогодишни празнициСв. Николауредување на домот
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • IQOS 3 Duo 3 животен стил со...

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

  • Znakoven Bitola 2 животен стил со...

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

  • PR Donacija 2 животен стил со...

    Солидарноста како моќно оружје во борбата со пандемијата – Компанијата dm дрогерие маркт донираше концентратори за кислород

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Белата облека најсовршена во пролетно-летните денови

    април 16, 2021
  • Annabel-Rosendahl

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Стилски идеи за променливо априлско време

    април 16, 2021
  • gucci aria (4)

    Gucci Aria – Гучи слави 100 години со ревија и кобрендирани креации со Баленсијага

    април 16, 2021
  • kopenhagen

    Инстаграм профил посветен на живописниот уличен стил на Копенхаген

    април 15, 2021
  • DIOR

    [ВИДЕО] Ревија на Dior во Шангај

    април 15, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics