• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Беа Џонсон во Скопје: Како до една тегла ѓубре годишно?

Од stylist @StylistMKD · На март 6, 2017

bea johnson

Инициран од неформалната група на граѓан(к)и „Од нула до нула“, на 20 март (понеделник) во Скопје ќе се случи настанот „Беа Џонсон во Скопје: Како до една тегла ѓубре годишно?“. Осмислен како прва во низата активности коишто ќе имаат за цел да го доближат концептот „нула отпад“ до просечниот македонски потрошувач и да охрабрат негова практична примена во овдешниот контекст, настанот е составен од две предавања кои ќе ги одржи Беа Џонсон, една од најгласните поборнички за ослободување од стегите на консумеризмот и за (по)едноставно живеење.

Оваа Французинка која живее во Калифорнија, денес ја сметаат за вистинско гуру за нула отпад! Има и зошто – од 2008 година наваму, таа успева, заедно со своето семејство, да произведе само една тегла ѓубре годишно! Преку својот веб-сајт и исклучително продаваната книга „Дом без ѓубре“ (Zero Waste Home), која досега е преведена на 14 јазици, таа отпочна глобално движење и неуморно ги инспирира луѓето низ светот да му се спротивстават на непотребниот отпад и така да живеат (по)едноставно.

Нејзиното начело гласи „речи не, редуцирај, реупотреби, рециклирај, компостирај, и тоа само по тој редослед“. Ги поткопува предрасудите, покажувајќи преку сопствениот пример дека живеењето без отпад не само што (може да бид)е живеење со стил, туку и носи значајни здравствени придобивки, како и заштеда во време и пари. За живеењето во духот на „нула отпад“ зборувала во бројни телевизиски емисии, како и на универзитети, корпоративни и TEDx настани и конференции низ целиот свет, вклучувајќи ги Гугл, Епл, Европскиот парламент и ООН.

bea-jar

Нејзиното гостување во Македонија е во рамки на нејзината европска турнеја која се надоврзува на досегашните пет, односно на низата од над 150 говори во повеќе од 20 земји на пет континенти. Кај нас, таа ќе одржи две бесплатни предавања и тоа, на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје во 16.00 часот и во „Јавна соба“ во 19.00 часот. Поради ограничениот број на места, пријавувањето е задолжително преку веб-сајтот odnuladonula.mk

Предводена од „Од нула до нула“, организацијата на настанот ја помогнаа Друштвото за управување со отпад од пакување „Пакомак“, Асоцијацијата за развој на нови опции – АРНО, Здружението за креативно талкање „Самоник“ и креативниот колектив „Ококори“. Неопходната финансиска поддршка засега ја обезбедија колективниот постапувач со отпадни батерии, акумулатори, електричен и електронски отпад „Нула Отпад доо – Скопје“, првата овластена и лиценцирана компанија за собирање, транспортирање, складирање, третман и филтрирање на отпадните масла и масти за јадење од растително потекло „Суниленс“ и колективниот постапувач со електричен и електронски отпад „Екон Електрон“.

Прифатен од сè повеќе луѓе како филозофија на живеење, концептот „нула отпад“ му пркоси на систематизираниот процес на произведување, консумирање и фрлање кој вртоглаво брзо ја задоволува и уште повеќе разгорува човечката ненаситност на сметка на човечкото достоинство, природните ресурси и животната средина. Живеењето со една тегла ѓубре годишно се чини како идеално решение за сеприсутното ѓубре кај нас, со чие намалување сигурно би се намалиле аларматното загадување на почвите, водите и воздухот и исклучително високите стапки на малигни и респираторни заболувања. Токму затоа, неформалната група на граѓан(к)и „Од нула до нула“ тргнува од нула за да стигне до нула отпад и заедно со партнерите да ја подигне свеста за отпадот како голем фактор на загадување и за улогата на поединецот во подобрувањето на квалитетот на животот и на животната средина.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

  • KID-EXPO--poster животен стил со...

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics