Утре, 3 јануари, во 18 часот во Музејот на современата уметност во Скопје ќе се одржи предавање на Стефано Перего на тема FOSSILIZED MODERNISM и со акцент на фотографијата на архитектурата. Перего е е италијански фотограф (http://stepegphotography.com/) чија централна сфера на интерес е модернистичката архитектура од дваесетиот век. Фотографот ќе го пренесе своето фотографско искуство од Ерменија, Грузија, Средна Азија, Словачка на архитектура со огромен квалитет, но непозната за светот. Во Скопје тој ќе го продолжи своето фотографско истражување каде ќе ги фотографира објектите од XX век и директно ќе ги презентира на светот. Неговите фотографии досега се објавени на вебсајтите Divisare, Domus, Archdaily, Repubblica.it и има одржано предавање во Стрелка во Москва.
На интерактивното предавање неговата работа ќе биде презентирана преку документирани материјали, импресии и критики, преку што студентите по архитектура и други сфери сродни на архитектурата, како и другите заинтересирани гости ќе имаат можност да се запознаат со работата и искуствата на овој фотограф. Модератор на настанот ќе биде архитект Сара Симоска. Предавањето на Стефано Перего е организирано во соработка со МЕЛЕЕМ Скопје.
Нема коментари