Пјерпаоло Пичоли ја претстави колекцијата за пред-есен 2019 на модната куќа „Валентино“ на ревија во Токио, создавајќи неверојатен момент на пистата кога врз манекенките облечени во црвени фустани паѓаа листови на црвени рози. Дизајните ја слават јапонската култура, а ревијата почна и заврши со серија на црвени креации.
Во предесенската колекција Пичоли ја продлабочи јапонската инспирација, особено концептот на ваби-саби – јапонска естетика која се фокусира на прифаќање на минливоста и несовршеноста. Концептот е преведен во асиметричната силуета, карнерите и цветниот дезен.
View this post on Instagram
#valentino rocks in #tokyo with a super collection created by #pierpaolopiccioli inspired by the history of the fashion house with touches of #japanese culture #valentinotky #valentinoprefall19 A post shared by GPBlackstage (@giampietrobaudo) on
„Иконографијата на модната куќа – карнерите, тантелата, грациозноста, потоа цвеќињата, боите и мотивите се протолкувани низ клучот за ваби саби“, пишува на Инстаграм профилот на „Валентино“. Крајниот резултат e колекција што остана верна на естетиката на Валентино, додека во исто време оддава почит кон јапонската култура.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари