Со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбележи јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор
Започна снимањето на четвртата сезона на „Преспав“ која меѓу телевизиските серии доживеа најдолг век и најголем успех. Со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбележи јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор, за што продуцентот Пеце Талески, изјави
„Со МРТВ заеднички работиме на развој и унапредување на македонската телевизиска продукција и се надевам дека ги поставуваме стандардите за годините што следуваат.“
Емитувањето ќе почне од декември 2019 година на првиот канал на МРТВ, а епизодите ќе бидат достапни и на каналот на „Преспав“ на YouTube.
„По измината успешна сезона, со која Преспав докажа дека е особено позитивен пример во македонскиот медиумски простор, МРТВ и оваа година застанува зад омилениот ТВ продукт на публиката и му отстапува prime time на првиот канал на Македонската телевизија“ – изјави Марјан Цветковски, директор на МРТВ.
Првата постава на актерската екипа останува речиси непроменета. Во главните улоги се: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Игор Џамбазов, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и Дритон Вејсели. Дополнително, во четвртата сезона, Емра Куртишова како Исуара и Владимир Тулиев како Дончо му се придружуваат на главниот каст.
Идејата и концептот за „Преспав“ се на Елеонора Венинова и на продуцентот на серијата Пеце Талески, а режираат: Игор Иванов – Изи, Вардан Тозија и Георги Унковски. Сценаријата ги пишуваат: Сашо Кокаланов, Алек Попов и Делјана Манева и младите сценаристи Артин Селамани, Игор Трајковски и Огнен Неделковски. Директор на фотографија е Дејан Димески, а монтажер и супервизор на звук е Сашко Потер Мицевски. Костимограф е Емилија Ивановска Атанасовска, автор на сценографијата е Снежана Поњавиќ Муча, а шминката е на Ирена Сенокозлиоска.
Нема коментари