Каролина Гочева е заштитно лице на групацијата Магнетик за 2018 година, првата модна приказна од оваа соработка е посветена на Marella, италијанскиот бренд од групацијата Max Mara кој кај нас е присутен повеќе од 11 години
Брендот Marella нуди парчиња за жена која го има изградено својот стил, која е динамична, позитивна и посебна. Гламурозен, современ женски бренд кој го отсликува италијанскиот стил во буквална смисла.
Во овој втор дел од фотосесијата се потенцира Trench-трендот кој е актуелен во новата пролет-лето 2018 колекција на Marella и е искомбиниран со свилени марами. На овие фотографии повторно потписот го става Јована Зука. Третиот дел од соработката за Marella ќе се состои од кратко модно видео кое со нетрпение го очекуваме. Погледнети ги новите фотографии и уживајте.
Нема коментари