• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
трендови 0

Привлечни сламени и јутени летни парчиња

Од stylist @StylistMKD · На јули 13, 2021

1

Триото од сламени торби, шапки и еспадрили вообичаено доминираат во летниот стил, но оваа сезона таа нивна доминација е уште понагласена, а сламените, јутените и модните парчиња од коноп се голем тренд. Сите тие имаат практична примена – шеширите се шик заштита од сонцето, еспадрилите се екстра удобни за носење, а големите сламени торби се спас во лето, бидејќи во нив може да ставите сè што ви треба за еден цел ден поминат во град, во природа или на плажа. Покрај нивниот тренди и шик изглед, сите овие парчиња може да ги носите подеднакво во урбана средина и на летување и плажа.

2

Ова лето дефинитивно е во знакот на враќањето на сламените торби и плетените кошници, кои нè потсетија на стилот на Џејн Биркин во 60-тите и сега се инспирација на познатите трендсетерки. Плетените цегери и кошници се појавија како алтернатива на летната чанта во урбани, па дури и вечерни комбинации. Поголемите верзии се пак задолжителни за на плажа – моден и практичен детаљ во кој ќе ставите пешкир, резервен костим за капење, несесер со заштитни креми, книга за читање, шише со вода…

3

Сламените шапки се константа во летните денови, во однос на трендовите последните сезони актуелни се шапки со навезено име или некој друг термин, како и украсени со деликатни елементи, сатенска лента или помпом топче. Наша препорака е да ги избегнувате премногу накитените шапки кои се на граница на кич, бидејќи на цена секогаш е едноставниот шик изглед.

4

Еспадрилите се едни од најудобните и најлесни за носење летни обувки. Направени најчесто од платно и со ѓон од коноп, еспадрилите се исклучително трајни. Настанале уште во 13-от век, својот моден пробив го направиле во 70-тите години од минатиот век кога славниот креатор Ив Сен Лоран ги вметнал во своја колекција. Сезонава ги има во разни форми, ниски, на платформа, со полнета потпетица, дури и со отворени прсти, во разни бои и украсени со разни детали, а одлично го дополнуваат лениот стил. Еспадрилите успешно се комбинираат и со шапките и со сламените торби, а сите три гореспоменати модни детали добро се мешаат меѓу себе или можат да се носат одделно.

6

7

8

9

10

11

12

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

еспадрилилетен стилмодни додатоцисламен шеширсламена торбатрендови
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1leopard трендови

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

  • off shoulder трендови

    Фустаните кои ги откриваат рамениците симбол на летната мода

  • 1 трендови

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics