Проектот „Ничија земја/No Man`s Land” со кој студиото Stone Design како национален претставник учествуваше на 15-тото Венециско биенале по архитектура минатата година, од утре, 17 јануари, ќе биде изложен за македонската публика. Изложбата на проектот е закажана за 19 часот во Музејот на современата уметноста во Скопје, а ќе биде отворена до 15 февруари. Креатори на проектот се архитектите Стојан Павлески, Иван Симеонов, Ѓорѓи Радовановиќ и Љупчо Тасевски.
Нема коментари