• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Започнува фестивалот Скопје Креатива 2019 – еве ја и прoграмата

Од stylist @StylistMKD · На мај 31, 2019

Скопје Креатива 2019

 

Вечерва, петок 31 мај, во Кино Култура, со почеток во 20:00 часот ќе започне осмото издание на „Скопје Креатива 2019“ – градскиот фестивал за промоција и развој на креативните индустрии, што годинава се реализира под мотото „Зелено Скопје“ и симболички ја содржи идејата за еколошката свест како култура на живеење.

Со својата богата фестивалска програма, Скопје Креатива 2019, почнувајќи од денес до 2 јуни, ќе го размрда креативниот потенцијал на градот и низ експлозија од културни настани, наука и технологија ќе претстави креативни решенија за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.  Програмата опфаќа образовен, продукциски и презентациски формат и содржини од широката сфера на креативните индустрии привлечни за граѓани од различна возраст и културни заедници.

Фестивалското отворањето ќе се случува вечерва во 20:00 часот на улица Македонија со изложбата на редизајни на постери за македонски филмови, корици на музички албуми и на книжевни дела насловена „Ремиксувај ја културната стварност“, по што во Кино Култура следува „Брендирање на зелено Скопје“ каде ќе бидат изложени промотивни производи со графички решенија на тема „Зелено Скопје“ од македонски дизајнери и илустратори. Во 21 часот ќе започне музичката програма со звучно-визуелната инсталација на пијанистката Дуња Иванова – „Зелено во етерот за зелено Скопје“, за да настаните од првата вечер кулминираат со промоцијата на мини-албумот „Re:Cycled“ на Роботек.

Влезот е слободен за сите програмски сегменти.

Целосната програма на Скопје Креатива 2019:  

ПЕТОК / 31.05.2019 / КИНО КУЛТУРА

| 20.00 Отворање на фестивалот |

поздравен говор на тимот на фестивалот

| Ремиксувај ја културната стварност |

Изложба во јавен простор на редизајни на постери за македонски филмови, корици на музички албуми и на книжевни дела. |ул. Македонија|

| Брендирање на зелено Скопје | Програма за дизајн |

Претставување на промотивни производи со графички решенија на тема „Зелено Скопје” изработени од од македонските дизајнери и илустратори: Зоран Кардула, Немања Трајковиќ, Давор Кешќец, Емилија Десановска и Марина Размоска |фоаје во Кино Култура|

  Музичка програма |

| голема сала Кино Култура |

| 21.00 Дуња Иванова – Зелено во етерот за зелено Скопје |

Звучно-визуелна инсталација, изведба на композиции од современи авангардни и популарни автори кои го имаат изразот „зелено/green“, проследена со видеозапис со визуализации од Скопје

| 22.00 Роботек – RE:Cycled |

Настап во живо, промоција на RE:Cycled, специјално ЦД и електронско издание за фестивалот „Скопје Креатива 2019”

САБОТА/ 01.06.2019/ КИНО КУЛТУРА

| 12.00-19.00 Еко сфера |

| Поп-ап стор за дизајн, книги и музички изданија од домашни автори и издавачи |

САБОТА/ 01.06.2019/ МКЦ

| Програма за деца |

| МКЦ детски креативен центар |

| 10.00-12.30 „Млади и зелени“ со „Колектив Ветерница“ |

Работилница за деца со јавна презентација за невербален сценски израз со отелотворување на емоциите што децата ги чувствуваат во секојдневието во градот во кој живеат.

| 13.00-15.30 „Пишуваме, цртаме, патуваме: Сакаме зелено Скопје“ со Билјана Црвенковска |

Креативна работилница за деца од 6 до 9 години која поттикнува креација и имагинација кај децата на една многу важна тема – зелено Скопје!

| 11.00-16.00 „Изгубениот пердув“ со Маре Трајковска, Каролина Николова |

Анимациска програма за деца во светот на приказната „Изгубениот пердув“ каде што децата читаат, бојат, учат факти за специфични животни, решаваат загатки, поставуваат и одговараат на прашања, креираат 3Д-форми.

| 14.00-16.00 Креативно цртање на лица на деца со facepaint „Пеперутка“ | 

| Изложба на нови прототип-производи и услуги во сферата на креативните индустрии поддржани во рамките на фестивалот | Програма за дизајн |

16.00-21.00 Изложбата е отворена за посета од 16 до 21 часот.

19.00 Официјално отворање со претставување на авторите и на делата

| МКЦ хол и долно фоаје кино Фросина |

„Celebrate life – Почни од себе“ – Горан Костовски Ind.og, „Миаботаника – ЛЕД-светилки” – Борјана Насева, „Примери“ – Арт еквилибриум, „Духот на старата градска куќа“ – здружение Градот убав, „Скаменета природа“ – Андреј Митевски, „Вода и камен“ – Александар Наумоски, Цртаме стрип „Скопје зелено пак ќе бидеш“ – Стрип-центар на Македонија, Велес, „Како да дизајнираме промена“ – Приватен принт, „Документирање техники за бојадисување волна на традиционален начин“ – Маја Миноска-Павловска, „Платформа за аудиокниги на македонски јазик“ – Флуктус, „Рециклиран маркетинг“ – Владимир Ристовски, „Еко-цевки“ – Јасмина Главинче WIZART,  „Eggshell-Hatched” – Глигор Кузмановски, „Зарез-резови во теракота“ – Анета Попова, „ReTex-Archisegment /РеТекс-Архисегмент“ – Екатерина Намичева, „Градење на патот до зелен град“ – Јасмина Пислевиќ

| Екологии на градот | Програма за архитектура |

| МКЦ парк |

19.00-19.30 Отворање на архитектонско тело (приклучок) кое ги зајакнува и вмрежува капацитетите на местото – паркот на Младински културен центар.

19.30-20.30 Предавање на Никола Руси, Италија – основач на „Лабораторио перманенте“, професор по архитектура и урбана композиција на Политехничкиот факултет во Торино и член на Извршниот одбор на АНЦСА, Националното здружение на историски и уметнички центри. Презентација на „Климатските агенти“ – проект за регенерација на два напуштени железнички дворови на северната и јужна периферија на Милано кој ја сврти перспективата на тековниот економски развој во обратна насока и предлага два нови еколошки уреди. /во соработка со МКЦ/

21.00-22.00 Градот убав? – филмови на ФДУ Скопје во Парк МКЦ

Избор на неколку документарни филмови на студентите на Факултетот за драмски уметности /Сандра Ѓорѓиева, Владимир Митревски, Горјан Атанасов/ што го коментираат животот на младите во современо Скопје.

| Театар |

| МКЦ кино Фросина |

20.00-21.00 „Како се прави човек“ – колективно авторство, режија: Хана Миленковска, продукција: Театар на Навигаторот Цветко

|  Музичка програма |

| МКЦ горно фоаје кино Фросина |

23.00 Afriqua а.к.а Адам Лонгман Паркер од Берлин, локална поддршка Мирко Попов

НЕДЕЛА / 02.06.2019 / КИНО КУЛТУРА

| 12.00-13.00 Бјутификација на градот | Програма за дизајн |

| Дворот во Државниот студентски центар „Скопје“ |

Презентација на резултати од „бјутификација“ или визуелно подобрување преку хортикултурно уредување, садење дрвја, грмушки и друго зеленило на дворот во Државниот студентски центар „Скопје“, реализирано преку план-проект изработен од професори и студенти од Шумарскиот и Архитектонскиот факултет.

| Кино утро | Филмска програма |

| голема сала Кино Култура |

11.30 – 13.00 Селекција на филмови од архивата на „Вардар филм“ – документарци, реклами, патописни репортажи, снимени во периодот од 1948 до 1986, прв дел.

| Редефинирај ја својата реалност |

| голема сала Кино Култура |

14.00-18.30 Презентации на иновации каде што се спојува креативноста со технологијата, интернет-технологијата и активизмот.

„Можеш ли без ѓубре?“- Андријана Папиќ-Манчева, ГЕТ-Велосипед – Венито комерц ДООЕЛ, Fashionably smart-3Д-печатени модни додатоци – ТАБМАКЕР ДООЕЛ, pulse.eco – О2 иницијатива и Нетсетера, The Data I Breathe/МојВоздух – Горјан Јовановски, „Здравје пред профит за Центар“, Проект НЕДЕЛАТА НА ИЗЛОЗИ, М3DS Академија за 3D и Game Design, Фонд за иновации и технолошки развој.

| Кино под ѕвездите  | Филмска програма |

| парк Кино Култура |

20.00-21.30 Селекција на филмови од архивата на „Вардар филм“ – документарци, реклами, патописни репортажи, снимени во периодот од 1948 до 1986, втор дел.

| Музичка програма | Затворање на фестивалот |

| Ехо од далечното минато |

| голема сала Кино Култура |

22.00 Диџеј-сет на HyperTech и Ненад Стефаноски–Брус

 

 

 

 

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics