Едни од клучните декади кои влијаат врз модата, музиката и културата, 70-тите и 90-тите години се главна инспирација за новата, пролетна колекција на Diesel, која деновиве пристигна во Fashion&Friends во Скопје. Преку карактеристично гледање и интерпретација на нештата типично за брендот, овие години се рефлектираат врз колекцијата низ неколку различни теми. Чувството на носталгија и автентичност е дополнето со иновативни материјали и кроеви, како и креативна изведба на парчињата. Животните кои се симбол за моќ како американскиот орел и волкот се појавуваат на плетени парчиња, маици и јакни, додека пак специфичните елементи за Diesel тексасот и кожата се вклопуваат во спортски и елегантни парчиња. Во колекцијата пролет-лето 2016, џинсот блеснува преку нови кроеви, силуети и нијанси.
Нема коментари