На 24 јануари со почеток во 20.30 часот во Кино Култура ќе се одржи промоција на романот „Девет приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана С. Црвенковска. Промоцијата е вo рамките на фестивалот ArtArea 3, кој се одржува од 24 до 26 јануари, а промоторки ќе бидат Калина Малеска и Фросина Пармаковска.
„Девет приказни за госпоѓица Сит“ е прв роман на Билјана С. Црвенковска (не сметајќи ги романите за деца), кој жанровски може да се определи како магичен реализам.
„Таа нечујно се движи на работ на сенките, кај што тие едвај видливо се милуваат со месечевите места. А потоа, тивко преде приказни на границата меѓу реалноста и фантазијата, онаму кај што се допираат јавето и сонот. Женски приказни, длабоки и потресни, понекогаш љубовни, тивки или гласни, нежни или моќни…“
Илустрацијата и дизајнот на корицата е на Зоран Кардула.
Нема коментари