Со групна изложба и музички сет вечерва во „Јавна соба“ ќе биде промовирана новата интернет креативната заедница и продавница „Модулар“. Делата на уметниците пријавени на платформата ќе може дасе купат на сајтот и да се подигнат за време на изложбата, која ќе трае до 3 јануари 2017 година.
„Модулар“ гиобединува делата на 10-тина домашни уметници и дизајнери: меѓу кои се на Нина Нинеска (која стои зад овој проект), Доне Милјановски, Мила Ивановска, Нела Тодоровска, Марта Мојсова, Ана Андроска, Меи Ро (Маја Стојковска и Сандра Јовановска), Тоциноски, Зоран Кардула, Соња Димовск, Цветанка Јованова, Александар Пешевски, Андреј Митевски и Eми Норис.
Добрата забава на отворањето,ќе биде дополнета со музичките сетови на Тони Зен и Чваре и со звучното освежување од MM-Acoustics од 21-23.30ч.
Нема коментари