• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Промоција на нова книга на Милчо Манчевски и целовечерен мултимедијален настан

Од stylist @StylistMKD · На јануари 30, 2024

kniga 5 esei manchevski

Новата книга на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски, „Манчевски: Пет есеи“ ќе биде претставена како дел од целовечерна мултимедијална презентација (со проекција на филмови и промоција) на 1 февруари (четврток) во 19 часот во новиот Културен центар „Лабораториум“ (старата печатница на „Нова Македонија“, Бул. „Климент Охридски“ 68) во Скопје.

Издавач на двојазичната книга (македонски и англиски) е Филозофското друштво на Македонија. Предговорот е на проф. д-р Иван Џепароски.

Книгата содржи пет есеи пишувани во различни периоди, кои се резултат на долгогодишните размислувања на Манчевски за уметноста од позиција на уметник во повеќе области (покрај филм, тој твори и во полето на фотографија, ликовни уметности, и книжевност), но и од позиција на педагог. Манчевски долги години работи како професор на постдипломски студии, прво на реномираниот Њујоршки универзитет, од каде произлегуваат Мартин Скорсезе, браќата Коен, Кери Фукунага, Клое Жао (студенти на Манчевски имаат освоено бројни награди, меѓу кои и два Оскари; режисерот на последниот филм за Џејмс Бонд е исто така студент на Манчевски), но и на државните филмски школи во Куба и во Москва, како и во Шангај, Берлин и други.

Размислувањата и анализите на Манчевски резултираат со комплексни есеи кои се претставени на меѓународни конференции. Меѓу нив се и „Засновано на вистински настан: вистина и прикаска, уметност и верба“, првпат претставена на конференцијата „Филм и вера“ во Ватикан, 2011; есејот „Зошто сакам да пишувам и мразам да режирам: исповед на еден сценарист-режисер што се лечи“ претставена на конференцијата на професори по сценарио и режија во Потсдам 2014 и есејот „Кога некој филм ‘не е доволно македонски’“ од 2022.

„Kнигата на нашиот бележит режисер и сценарист Милчо Манчевски претставува несекојдневно и особено успешно понирање во тајновидниот свет на творештвото воопшто, како и на конкретното индивидуално искуство поврзано со создавањето на сопствените најзначајни филмски остварувања… Петте есеи во оваа книга не само што нè внесуваат во секогаш возбудливиот свет на авторот и на авторството, туку, едновремено, претставуваат и несомнен придонес за теоријата и историјата на филмот воопшто, како и за теоријата и историјата на македонскиот филм поодделно, и тоа од гледна точка на естетичката теорија на творештвото, како и на категоријата ‘естетско искуство’, односно ‘естетско доживување’“, вели проф. Џепароски во предговорот.

Промотивна реч за книгата ќе одржи проф. д-р Ана Димишковска, а делови од есеите ќе читаат актерите Никола Ристески и Елена Кузманов.

Мултимедијалниот настан под наслов МИЛЧО НА ПРВИ ВТОРИ: ФОКУС МАНЧЕВСКИ продолжува со проекција на наградуваните филмови на Манчевски БИКИНИ МУН (2017, САД), ЧЕТВРТОК (2014, САД) и КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО (2017 кубанско-американски).

Ќе бидат презентирани и визуелни моменти од книгата ТАМУ, како и музика од филмовите на Манчевски, а Игор Василев-Новоградска, чест соработник на Манчевски, ќе ја заврши вечерта со музика од оригиналниот саундтрак за филмот БИКИНИ МУН.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics