Издавачката куќа ТРИ со гордост ве поканува на промоцијата на новиот роман на една од најистакнатите македонски писателки Винка Саздова – „ВИЛИНО“. Промоцијата е денеска, 17 декември, во 19 часот, во кафетерија „Сиеста“ (ул. „Македонија“) во Скопје, а промотор ќе биде Венко Андоновски.
„Вилино“ е уште еден современ психолошки роман од мајсторот на жанрот, жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен тријаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Романот е полн со источни мудрости и мистична филозофија, со извонредни ликови и симболика. Со него Саздова уште еднаш ја потврдува својата културна мисија, а тоа е создавањето своја препознатлива публика и подигнување на читателскиот стандард.





























Нема коментари