Познатиот шпански бренд за венчаници Pronovias соопшти дека ќе претстави колекција која што ќе биде бесплатна за невестите што работат во болница. Во време на ширење на коронавирусот, брендот се одлучи за оваа хуманитарна иницијатива и во овие тешки времињата колекцијата The Heroes Collection ја посветува на хероите што работат во болниците и се борат против Ковид-19.
Pronovias ја започна оваа програма во Кина во јануари и веќе достави прекрасни венчаници на бројни кинески медицински сестри и доктори. Сега ја проширува оваа иницијатива во многу други земји во светот и нуди венчаници за сите болнички работници, од лекари и медицински сестри до персоналот за чистење и администрацијата. Сите тие можат да го побараат својот фустан до 31 август 2020 година.
Ова е драгоцен гест со кој се оддава почит на сите здравствени работници кои секојдневно спасуваат животи, како и на персоналот за чистење кои работат нон-стоп за да бидат болниците чисти по највисоки санитарни стандарди.
Под мотото #LoveConquersAll, брендот сака да ги потсети невести од целиот свет дека љубовта на крајот победува, посакува побрзо да поминат овие моменти на неизвесност и што поскоро да дојдат деновите кога ќе може да ги организираат своите свадби.
Нема коментари