Модна пролет во знакот на боите
Како наближува пролетта модните „хајстрит“ брендови ги претставуваат колекциите за претстојната сезона, прв поглед на новата колекција понуди Zara и во новата кампања фокусот го стави на боите и на колор-блок комбинациите. Предложени се класични комбинации на бои – црна и бела, беж и пастелна. Класиката никогаш нема да ве изневери, но ако сакате повозбудлив и повпечатлив изглед, ќе одберете парчиња во една интензивна боја (црвена, зелена, циклама), или пак, комбинации на портокалова со циклама, розова со црвена, црвена со боја на лаванда.
Нема коментари