• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ТВ 0

Првата епизода на ТВ серијата „Инсајдер“ вечерва на Tелма

Од stylist @StylistMKD · На октомври 30, 2017

insider

Од денес, 30 октомври, секој работен ден во 20.40 часот на телевизија Телма ќе се емитува новата македонска ТВ серија „Инсајдер“

„Инсајдер“ ќе биде здив од свеж воздух на македонските ТВ канали поради различниот пристап кон дискусиите од нашето секојдневие. Теми кои ни се нам добро познати се разработени низ призмата на истражувачкото новинарство на глобално ниво, но исто така и сите специфични предизвици со кои се соочува една редакција во Македонија.

Дејствието е сместено во една новинарска редакција во часот пред да се дефинираат темите за следниот број на неделникот „Инсајдер“, под притисок на времето и останати фактори кои играат голема улога во финалната одлука на тоа што ќе оди во печат. Во 26-те епизоди се обработуваат низа тематики, почнувајќи од слободата на медиумите, корупцијата, судскиот систем, образованието во државата, здравствениот систем, мигрантската криза и ред други теми кои се нашле на насловните страни на нашите весници во изминатите 26 години.

1

Сценариото и продукцијата се 100% македонски, што е веднаш забележително токму поради блискоста на темите. Свој потпис на проектот ставаат звучни имиња како Игор Иванов – Изи, Вардан Тозија, Никола Мадиќ и Сашо Кокаланов. Српскиот актер Светозар Цветковиќ, кај нас познат по улогите во „Среќна Нова 49“ и „Тетовирање“, е само едно од имињата на долгата листа квалитетни и етаблирани актери кои играат во серијата, заедно со Ирена Ристиќ, Дејан Лилиќ, Јордан Симонов, Силвија Стојановска, Ѓорѓи Нешкоски, Горан Ников, Габриела Петрушевска, Ана Стојановска и Сања Арсовска.

-„Инсајдер“ ќе биде мошне интересна серија за сета македонска публика затоа што преку секоја епизода ќе добијат шанса да ѕирнат зад кулисите на новинарството, и да ја согледаат вистината околу која се раѓаат конфликтите и истите се разрешуваат. Сето тоа е „спакувано“ во нео-ноар – стил кој е богат со сенки и контрасти, и визуелно ги отсликува битките на секој од ликовите, и сомнежите околу тоа дали постои „црно и бело“ во така сив свет – велат од продукција.

Серијата ќе се емитува од 30 октомври, секој работен ден од 20:40 на Телма, во време кога на македонската јавност не и се достапни печатени весници и магазини како некогаш.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • DSC2823_resize-1536x1025 ТВ

    Нова сезона на „Џентлмен магазин“ вечерва на МТВ1

  • agenda 21 (3) ТВ

    Весна Петрушевска и Игор Џамбазов преку еколошкото шоу „Агенда 21“ ќе апелираат за грижата за животна средина

  • handmaids tale ТВ

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics