Напоредно со почетокот на четвртата сезона на ултра полуларната шпанска криминалистичко-драмска серија La Casa de Papel, модниот бренд Pull & Bear претстави колекција посветена на серијата. Можеби на Нетфликс веќе ја изледавте серијата и сè уште ги сумирате импресиите од новата сезона, а еве и модно изненадување од Pull & Bear во вид на маици, блузони и модни додатоци инспирирани од дејствието и ликовите.
Модните парчиња имаат бројни референци на La Casa de Papel – црвените комбинезони што Професорот и другите ограбувачи ги носат, натпис со антифашистичката химНа Bella Ciao која што ја слушаме низ серијата, имиџи од маската Дали која што ја носат ограбувачите и од зградата на централната банка Real Casa de la Moneda, односно фабрика за пари и местото на нивниот повеќедневен напад…
Нема коментари