Кралицата Летиција редовно привлекува внимание со својот изглед, а нејзиниот беспрекорен стил многу често се темели на трендовски парчиња на шпанските „хајстрит“ брендови кои што нудат облека со достапни цени. Кралот Филип VI и краицата Летиција периодов посетија повеќе шпански градови за да дадат поддршка на институциите и групите кои дадоа свој придонес во борбата со коронавирусот и во една таква пригода шпанската кралица облече трендовски комбинезон со потпис на „Манго“.
Црно-белиот комбинезон со кратки ракави и долги ногавици е од новата колекција на „Манго“, направен од лесна, флудна ткаенина, а Летиција го комбинирала со чанта преку рамо и еспадрили. Овој модел на „Манго“ е достапен и кај нас и чини 2.990 денари.
Нема коментари