Модните креатори и дизајнерите на додатоци, што сакаат да го пласираат својот бренд на повисоко ниво, ќе може да научат нешто повеќе на работилница на тема „Развој на моден бизнис“, организиран од Моден викенд-Скопје. Конкурсот за пријавување трае до 12 март. Предавач на работилницата, која ќе се одржи од 27 до 29 март (со термини 09–12 часот и 13-16), ќе биде Жан Бутон кој доаѓа од Париз, има долгогодишно искуство во развој на бизнис и бизнис стратегија. Неговото портфолио вклучува работни позиции во маркетинг и комуникации, консултантство и проект-менаџмент. Моментално работи како главен финасиски менаџер за македонско-францускиот бренд „Ристо“ основан од познатиот македонски дизајнер Ристо Бимбилоски кој над две децении работи во Париз .
Првиот ден од работилницата е фокусиран на продуктот. Ќе се дискутира за мапирање на бренд, создавање на компетентен тим и развој на капацитети. Предвидена е презентација на теми од типот: дефинирање на глобална стратегија, позиционирање на продукт и анализа на клучни компетенции. Вториот ден ќе опфати идентификација и еваулација на трошоци, евалуација на идна продажба и кеш -менџмент. Третиот ден е посветен на финансискиот аспект на модниот бизнис. Ќе бидат презентирани можности за финансирање а фокусот ќе биде ставен на бизнис планот: како да се направи, како да се подобри и како да се искористи како можна алатка за понатамошен развој на брендот. Попладневните сесии во текот на трите дена ќе бидат искористени за лични консултации со предавачот.
Сите заинтересирани треба да ги достават следните документи: Пополнета апликација – достапна на веб страната на Моден Викенд Скопје; Дигитално портфолио (PDF формат); Биографија и кратко мотивационо писмо; Една портрет фотографија во висока резолуција. Работилницата ќе биде одржана на Англиски јазик. Сите документи треба да бидат напишани и доставени на Англиски јазик.Пријавуањето може да се оставри на и меијл адресата goran@fashionweekendskopje.mk, а лице за контакт е Горан Сиџимовски. Учесниците ќе бидат избрани од страна на тимот на Моден викенд- Скопје и Жан Бутон.
Ова не е прва работилница во организација на Моден викенд-Скопје. Меѓу другите, минатото издание младите модни блогери и фотографи имаа моженост да писуствуваат на предавањата на британската стилистка, блогерка, модна уредничка и креативна консултантка со седиште во Лондон, Ребека Рој.
Единаесеттото издание на Моден викенд-Скопје ќе се одржи од 1 до 5 април. Деновиве објавивме дел од атмосферата на снимање на промотивната фотосесија.
Нема коментари