Серијата еднодневни работилници за накит со дизајнерката на современи модни додатоци Елена Ристовска продолжува и овој јануари. Од 23 до 25 јануари ќе одржи обука за изработка на накит од месинг.
-Станува збор за еднодневни работилници кои траат по четири часа, на кои со моја помош ќе можете да си изработите пар обетки, привезок или пак прстенче од месинг по ваша замисла. На работилницата можете да си дојдете сами или пак да си поканите другарка која е исто толку креативна како вас и на тој начин и двете ќе си добиете намалување на цената која е предвидена за работилницата. А на паузите ќе си каснеме и по некое домашно колаче-вели Елена.
На програмата на работилницата, покрај тeoретскиот увод за подготовка на материјалот, ќе се учи и работа по модел: начин на пренесување на дизајнот на парчето месинг, дообработка негова, лепење на наушниците, можност парчето да се украси со епоксидна смола.
Пријавувањата се на следниот линк.
Нема коментари