Две мали технолошки револуции се случија вчера. Првата продуцирана од „Епл“, со промоцијата на Apple ‘iWatch’ и iPhone 6, а втората во режија на славниот американски дизајнер Ралф Лорен. На промоцијата на колекцијата пролет-лето 2015 од својата нова линија „Поло“, во рамки на Модната недела во Њујорк, креаторот со 4Д-холограмското шоу ја однесе модата и начинот на презентирање на колекциите во иднината За ефектот да биде уште подраматичен, ревијата беше проектирана на отворено, врз езерото во Централ парк. Холограмските модели ги носеа креациите издигнувајќи се над водената површина. Спектаклот беше збогатен со многу визуелни ефекти, магично менување на амбиентот и сценографијата, која се дижеше од The Brooklyn Bridge до High Line, сето тоа поддржано од моќна музика во позадина. Гостите одушени од шоуто, речиси сите го снимаа настанот на своите мобилни телефони, и се чини дека никој не ни обрна внимание на креациите. Иако холограмите не се новина во светот на модара, Лорен естетски и визуелно го однесе начинот на презентирање понапред, пред сè со изборот на локација и со усовршената изведба.
Нема коментари