Убавата и секогаш елегантна кралица Ранија од Јордан избра сатенски фустан во пурпурно виолетова боја на Bottega Veneta на дочекот на македонскиот претстедател Ѓоре Иванов и неговата сопруга Маја за време на нивната официјална посета на Јордан и кралското семејство. Ранија, сопругата на јорданскиот крал Абдула II, важи за една од најубаво облечените жени во светот и во нејзиниот изглед секогаш се препознава безвременска елеганција и вкусно избран стајлинг. Епитетот стилска икона го потврди и со оваа модна комбинација која беше забележана и во странските медиуми.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари