Дизајнерката Ирина Тошева повторно играше на картата на бои и шари во својата нова колекција за пролет-лето 2017 прикажана викендов на ревија на Моден викенд-Скопје. Таа најави дека колекцијата има за цел да ја подигне јавната свест за актуелно насушната потреба за грижа кон животната средина и покажување поголема љубов кон природата, што во случајов значеше употреба на еколошки и органски материјали. На материјалите отпечатени се шарите во вид на разлеани бои кои се употребени во соработка со американскиот уметник Mark Lovejoy. Во претставувањето на креациите на Тошева, во кои има кратки фустани, широки панталони, кошули, шорцеви, здолништа и горни делови со набори, таа го вметна и накитот во вид на минијатурни пејсажи од природата, дело на Александар Пешевски кој креира накит под брендот Mighty Jewelry.
1 коментар