• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

РЕЦЕНЗИЈА: Hard to Explain – Авангардно значи посмело

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На април 3, 2014
Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

Авангардното значи  иновативно, експериментално и поинакво. Тоа е она што од двоецот Hard to Explain сака да го прави. Девојките од овој тим, Катерина Попева и Марија Дацевска, се дефинираа со сопствен, поетично авангарден стил, и во сите свои досегашни прикажувања ja вметнуваат формата на уметнички перформанс. И со ова последно претставување на колекцијата пролет-лето 2014, кое всушност го означи стартот на деветтата сезона на Модниот викенд-Скопје, направија нов обид да ја раскажат својата модна приказна со наслов „Раскажувачот” на специфичен, авангарден, но и бајковит начин, со малку неконвенционално поставена ревија.

Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

Сè, од шарената со конци обрабена бандера пред нивното атеље, па до моделите на ревијата, поставена на калдрмата под неа, се искажува всушност како тежнеење за еден поинаков, поартистички пристап кон третманот и создавањето на облеката. Нивната главната цел со оваа колекција е низ перформанс да се раскаже една посебна приказна за Скопје, кој погледнат низ нивна визура е сместен на калдрмата во чаршијата и живее една своја посебна бајка.За ревијата беше подготвена и сценографија во духот на инспирацијата. Со воведната приказна на раскажувачот, виолина и свеќи, Hard to Explain прикажа модели,  кои иако носат сценска нота во својата скулптуралност, сепак ја имаат и својата нослива страна, но и момент на изненадување.Тоа се воочува пред сè во парчињата изработени од жица плетена со чингелакија што раѓа интересен резултат во формата, а воедно се вклопува во трендовските текови на актуелизирање на металикот. Има тука и експериментирање и со други необични материјали, но не секој од тие обиди да се претворат во носливи функционира успешно до крај.

Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

Уште еден од највпечатливите моменти во оваа колекција, со кој таа се истакнува, се и додатоците: вечатливиот накит и уникатните торби. Драпирање, асиметрија, слоевитост, транспарентност, нагласена половина се клучните точки на оваа колекција во која доминираат пастелни тонови, зелена, виолетова, сина, крем и сивата боја. А базично се користени свила, памук, кожа и природни материјали. Видливо е силно присуство на рачна работа посебно во додатоците, иако тоа се и веќе познати референци. Главно тоа се дводелни изгледи со иновативни здолништа,  но иако логично надоградени со горен косетен дел сепак, кога тој по дефиниција не е совршен, ја разводнува целата слика. Место на кое треба да се биде посебно прецизен во мислата.
Севкупно, ова е една младешки свежа колекција упатена кон малку посмелите, оние на кои не им треба тешкотија на објаснувањето.

Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

FWSKHard to explainКатерина ПопеваМарија ДацевскаМоден викенд-СкопјеРаскажувачотрецензијаФото: Ани и Дими
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics