Четиринаесет години по успехот на филмот Love Actually омилените ликови е вратија во краткото продолжение што се емитуваше на BBC 1 во петокот, како дел од хуманитарниот настан на инцијативата Comic Rеlief, што традиционално се одржува во Велика Британија на таканаречениот Денот на црвените носеви. Кратката верзија Red Nose Day Actually ни открива што се случило после толку години – ликот на Колин Фирт сè уште е во љубов со Португалката и го чекаат четвртото дете, Хју Грант повторно е избран за премиер и овојпат игра на Hotline Bling, синот на Лиам Нисон наскоро ќе се венча со својата симпатија која ја запознавме во филмот, Рован Аткинсон и понатаму пакува купена роба, Ендрју Линколн повторно се појавува пред вратата на Кира Најтли, која е сè уште е во брак со Чиветел Еџиофор, сега нема цел преку натписи да ѝ изрази љубов, туку да ѝ соопшти дека се венчал со Кејт Мос… Да го погледнеме ова носталгично навраќање.
Нема коментари