• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
музика 0

Вечерва промоција на реиздание на албум на „Бастион“

Од stylist @StylistMKD · На март 9, 2018

bastion

Култниот албум на скопската група „Бастион“ ќе биде винилно реиздаден од страна на ACC Records  и по тој повод вечерва во 21 часот ќе се одржи промоција во МКЦ, во Бифе Фросина. Промоцијата на која ќе бидат присутни членовите на бендот, ќе биде збогатена со концерт на Тодор Караколев и A Colder Consciousness ди-џеј сет. Посетителите ќе можат да ја набават плочата по промотивна цена, недела дена пред нејзиното официјално објавување.

Истоимениот албум на „Бастион“, една од најблескавите и најпосакувани плочи во македонската музичка историја, оригинално е издаден во 1984 година за ПГП-РТБ, и е единствениот документ за кратката но екстремно слатка соработка помеѓу пеачката и актерка Ана Костовска, музичарот и композитор Кирил Џајковски, басистот Љубомир Стојсављевиќ и филмскиот режисер Милчо Манчевски. Една од првите електронски групи во Македонија, беше прогласена од тогашниот југословенски печат за „Македонска електро-поп сензација“. Четворицата млади артисти за неверојатно кратко време успеаја да снимат зрел, еклектичен и жанровски отворен synth-wave албум со гламурозен поп сензибилитет. Плоча кој се слуша во еден здив.

0012676862_10

Бастион со леснотија се движи помеѓу безгрижната, екцентрична поп екстаза и заводливата меланхолија: од вртоглавата еуфорија на „Холивуд“ и „Мистер Комплекс“, преку мрачните електронски пејсажи на „Деца Сунца“ и „Месец у шољи“, па сè до возвишениот мистицизам на„ Молитва“. Сочните и блескави синтисајзерски текстури на Кирил Џајковски, беспрекорниот фанки бас на Стојсављевиќ, експресивниот и страствен вокал на Костовска и луцидната лирика на Манчевски се во совршена симбиоза. 35 години подоцна, останува една од најизненадувачките плочи што некогаш излегле во Источна Европа, која се’ уште звучи свежо и возбудливо.

ACC Records е нова издавачка куќа позади која стои Флора Питроло, а произлегува од нејзината радио емисија A Colder Consciousnees која зрачи од 2011 на Resonance FM (Лондон) и Канал 103 (Скопје). Го отсликува нејзиното континуирано истражување во архивите на поопскурната електронска музика од 80-тите години. Следните изданија вклучуваат претходно неслушнат француски минимал синт саундтрак, романтичен италијански индастријал и клупски ориентирана експериментална електроника од современиот Лондон.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1hugel музика

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

  • pmg музика

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

  • milko музика

    Инди-рок бендот „Милко“ се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник”

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics