Француската модна куќа „Диор“ ја откри кампањата за колекцијата пролет-лето 2016, последна креирана од дизајнерот Раф Симонс, а која ја сработи фотографот Патрик Демаршелие со младите манекенки Софија Мечетнер, Рус Абелс, Стаз Линдес, Марти Верхоф, Грејс Харцел и Бинкс Волтон. Демаршелие направи студиски портрети кои ги опишува како „омаж на женственоста, гламурот и модерноста“, а покрај принт-верзијата, „Диор“ денес го објави и ова промотивно видео. Стајлингот на кампањата е на Карин Ројтфелд, а како музичка подлога на видеото употребена е Are We Arc? на канадскиот бенд Trust.
Нема коментари