Големите модни куќи оваа сезона ја избраа Франција како дестинација за прикажување на ресорт колекциите, за „Диор“ беше тоа замокот Шантили близу Париз, за „Луј Витон“ дворот на една приватна уметничка фондација на француската ривиера, додека „Гучи“ и креативниот директор Алесандро Микеле, поттикнати од „концептот за смртта“, вчера организираа модна ревија на местото на римска некропола во градот Арл. На античката локација беа запалени огнови околу кои поминуваа манекените кои ја претставија колекцијата од над сто машки и женски креации. Микеле повторно си поигра со инспирации од архивата на „Гучи“, ја анимира поп културурата од различни декади, меша принтови, бои, текстури, референци и ги спојува во максималистичка слоевитост, а овојпат додаде и релизгиозен симболизам.
A post shared by Susie Lau (@susiebubble) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари