Креативниот директор на „Гучи“ Алесандро Микеле претстави уште една максималистичка модна визија за италијанската модна куќа во новата ресорт колекција, презентирана вчера во манастирскиот дел од познатата Вестминстерска опатија во Лондон. Гостите меѓу кои беа Шарлот Казираги, Алекса Чанг, Ел Фенинг, сопственикот на брендот Франсоа Анри Пино со сопругата Салма Хајек, седнати на кастомизирани Гучи-перничиња во просторија во готската опатијата за да погледнат колекцијата полна со шари, бои, везови, кариран принт, логото на „Гучи“ и со неспоиви стилски миксови.
Нема коментари