• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

„Ретроспективна изложба“ на Димитар Кондовски во Даут пашин амам

Од stylist @StylistMKD · На мај 5, 2022

dimitar kondovskiНа 5 мај со почеток во 20 часот во Даут пашин амам ќе биде отворена ретроспектвна изложба на ликовниот уметник Димитар Кондовски,(1927-1993), која ќе ги опфати сите периоди од неговата творечка дејност. Изложбата ќе трае до крајот на месец јули 2022 година.

ДИМИТАР КОНДОВСКИ е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во времето. Неговиот исклучителен творечки опус е камен-темелник врз кој се гради и доградува современата македонска ликовна уметност.

Кондовски е роден во Прилеп, во 1927 година, а починал во Скопје, во 1993 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, во 1952 година. Во 1958 година бил на студиски престој во Париз, а во текот на 1961/62 година специјализирал ѕидно сликарство во Рим. Од 1952 до 1956 година работел како професор по ликовно воспитување во Скопје. Од 1956 до 1960 година работел како илустратор. Од 1960 до 1972 година бил слободен уметник. Од 1972 до 1980 година бил професор на Педагошката академија во Скопје. Во 1980 година бил избран за професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде работи до 1987 година. Во 1991 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

Самостојно излагал свои дела во: Скопје и Загреб (со Спасе Куновски), 1957, Рим, 1962, Зрењанин (со Богољуб Ивковиќ), Скопје, 1963 (со Хаџи Бошков), Нови Сад, 1970, Скопје, 1977 (25 години уметничка дејност), Тетово, 1978, Белград, 1978, Прибој, 1978, Њујорк, 1978, Сиетел, 1978, Торонто, 1979, Скопје, 1992 (пристапна изложба во МАНУ). Автор е на голем број тетарски и телевизијски сценографии (над двесте сценографски решенија за телевизиски емисии, за драми, за балетски и оперски претстави), а има опремено и неколку стотици публикации, со повеќе од две иљади илустрации. Еден е од оснивачите на групите Денес и Мугри. Излагал на околу двесте групни изложби во земјата и во странство.

Добитник е на Наградата на Република Македонија 11 Октомври за 1964 година, за сликарство, Наградата 13 Ноември, на Град Скопје, во 1970, Наградата за сликарство Prix National, на Меѓународниот фестивал на уметноста во Кан сир Мер, во 1974 година, во Франција, Наградата Климент Охридски, во 1987 година, како и на многу други награди и признанија.

Својата творечка дејност Кондовски ја надоврзува на две значајни насоки по кои се движи и денес ликовната уметност. Едната детерминанта која го одредува неговото творештво е геометриската апстракција. Таа својот особен израз ќе го најде во геометриската конструкција на неговите дела, користењето сложени математички пресметки за да се постави основната композиција, геометриските модули и канони за одредувањето на пропорциите. Втората детерминанта што го одредува творештвото на Кондовски е сликарството на знакот и симболот. Во неговите дела знакот секогаш поседува високо симболична вредност. Тој уметноста ја разбира како херменевтика, како откривање на шифрата на светот, како пронаоѓање на тајниот клуч на универзумот.

Од почетокот на шеесетите години на 20. век интересот на Кондовски за портретното сликарство се разгранува во две главни насоки – салонски портрет, работен во слободен академски стил и портрет работен со конструктивистичка постапка која ја обединува фигурацијата и апстракцијата преку декоративниот орнамент, каде припаѓаат и сликите со религиска тема (претстави на светители) и автопортретот.

Напоредно со овој главен тек во творечката дејност на Кондовски постојано се јавуваат и разграноци кои во неправилни изблици ја изразуваат неговата потреба да се враќа кон класичниот ликовен израз и ликовната традиција.

Димитар Кондовски зад себе остави импозантен творечки опус со уште несогледани димензии. Од овие причини, целта на оваа изложба е систематизирање на дејноста на овој исклучителен автор и расветлување на оние доминантни аспекти кои ја одредуваат неговата творечка дејност. Ваквиот методолошки приод овозможува увид во сложениот сплет од влијанија, идејно-естетски тенденции и авторски преокупации на уметникот.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics