• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

Од stylist @StylistMKD · На декември 16, 2020

шумковски

 

Од утре, 17 декември во 12 часот, па се до 28 февруари 2021 година, во Музејот на современата уметност Скопје ќе биде отворена ретроспективна изложба на Јован Шумковски насловена „Вода/Ѕид“. Куратор на поставката е Зоран Петровски, а проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ.

Музејот е отворен од 10 до 20 часот за посетители секој ден, освен понеделник, а во недела  музејот работи до 13 часот.

Поставката ќе се одвива според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија.

Ретроспективната изложба го прикажува делото на еден од најзначајните и највлијателни македонски уметници, чија што речиси четири децениска уметничка практика ја дефинира постојан истражувачки интерес и смела инвентивност во формирањето и изразувањето на неговата ликовна мисла и поглед на светот и времето што го живееме.

Јован Шумковски (1)_фото Станимир Неделковски

Јован Шумковски (фото: Станимир Неделковски)

Сликар по вокација, Шумковски својот авторски пат го бара во континуираното иновирање на визуелниот јазик кој опфаќа различни медиуми, како што се сликарството, скулптурата, инсталацијата, видеото, фотографијата… Постојано подготвен да експериментира со најразлични продуцирани и најдени предмети, материјали и техники (дрвени отпадоци, пигменти, песок, метал, делови од отфрлен мебел, епоксидни смоли, полиестер, бетон, секојдневни предмети, фотографии и др.), ликовниот дискурс на Шумковски е во процес на континуиран и извонредно конзистентен развој. Како што често самиот сака да каже, тој никогаш не започнува со реализација на некое дело или проект доколку во него не може да види никулец и перспектива за неколку идни проекти.

Изложбата Вода/Ѕид, поставена во две галерии на Музејот на современата уметност ја опфаќа токму таа развојна нишка во креирањето на идеите и темите во творештвото на оваа маркантна личност во современата уметност во Македонија. Осмислена од самиот Шумковски, концепцијата на поставката, меѓутоа, не е претставена како линеарна хронологија на тој развој, туку е повеќе еден вид наративна монтажа на повеќе, привидно хетерогени и комплексни тематски планови, но поврзани истовремено по линија на развој на формите или на содржините.

Првата галерија ги спојува, од една страна, раните дела од средината на 1980-те години, во кои Шумковски ги напушта модернистичките принципи на придржување на спецификите и автономноста на ликовните медиуми со серија извонредно инвентивни асемблажи и објекти од дрвени отпадоци и мебел, приближувајќи се до скулптурата и архитектуралноста, и од друга страна, поновиот циклус бриколажни инсталации, објекти, макети и видеа („Р = 1:2/Р=1:200“ настанати во период меѓу 2004 и 2017 година) во кои критички го преиспитува просторот како социјална сфера и утописките аспирации на модерната архитектура.

2004

 „Р = 1:2/ Р= 1:200“ (2004)

Инсталацијата како уметничка форма што ги соединува и опросторува различните ликовни медиуми е еден од најзначајните придонеси на творештвото на Шумковски во поновата македонска уметност и тоа особено се однесува на монументалните и импресивни амбиентални проекти како споменатиот „Р = 1:2/ Р= 1:200“ (2004), “Над површината“ (1997), и “Ноќни визии“ (2000). Како единствени и неповторливи настани, некои од овие инсталации ќе бидат претставени само делумно со видео и фотографии, но пред сѐ и како дел од современите постапки на т.н. re-enactment, што значи, не како повторување или реставрација, туку како пресоздавање, односно нивна ре-инвенција во поинаков контекст. Ова пресоздавање на своите постари инсталации, тој го реализира преку натрупување или со акумулација на објектите употребени во нивното тогашно создавање (дрвени отпадоци, архитектонски макети, полиестерски и епоксидни плочи..), ставајќи го на тој начин акцентот на конкретните физички, но и на симболичните својства на акумулацијата како процес на создавање, креација и истовремено нејзиното ентрописко, хаотично и анархично разлагање.

Дрес што никој не го носи, 2010

„Дрес што никој не го носи“, 2010

Со воведувањето на сјајните, рефлексни и транспарентни синтетички материјали – лиени плочи од епоксидна или полиестерска смола – во делото на Шумковски од средината на 1990-те години се повеќе се појавуваат затеменети простори со мултиплицирани светлосни рефлексии, огледални одрази и ехо на дисторзирани, разлеани, некаде нестварни, некаде вознемирувачки слики и претстави што наликуваат на некаков дистопичен, пост-историски амбиент (серијата инсталации и дела “Над површината“ од 1997. и “Ноќни визии“ од 2000.). Во наративниот поттекст на овие дела, што се поставени во втората галерија на МСУ и уште повеќе и подиректно во продукцијата од 2000-те до денес, Шумковски ги отсликува губењето на вредностите и контрадикциите на светот во глобалната, пост-идеолошка ера што се создава по падот на железната завеса, суровите војни во Југославија и посебно траумите на вечно транзициската состојба на македонското општество („Платно што никој не го слика“, „Дрес што никој не го носи“, 2010 и „Икони на кои никој не се моли“, 2015). Бритката иронија и црн хумор во „Три антиципации“ (2006), архитектонски макети за зданија за идни големи интернационални манифестации во Скопје, како и сатиричната макета и видео за македонската вселенска програма на месечината во „Четвртата антиципација“ (2008), доволно јасно говорат за критичката острица со која Шумковски ги конфронтира утописките очекувања за подобра иднина со безнадежната травестија на политичката реалност.

Насловот на изложбата е превземен од едно од делата на уметникот како метафоричен сублимат на темите и содржините присутни во творештвото на Јован Шумковски.

Сликар по вокација, Шумковски досега зад себе има над дваесет самостојни изложби во земјава и во светот (Белград, Сараево, Софија, Љубљана, Стокхолм, Париз, Њујорк, Александрија и други). Во 1995 година беше претставник на Македонија на познатото биенале во Сао Паоло во Бразил, а во 2001 на Биеналето во Венеција. Учествува на многубројни групни изложби и значајни интернационални проекти. Редовен професор е на ФЛУ од 2002 година.

Објект од инсталацијата Night Vision, 2000

Night Vision, 2000

Четврта антиципација, 2008

„Четврта антиципација“, 2008

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ културен водич

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics