• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
уметност 0

Ретроспективна изложба на Митко Куновски во НЛБ Галерија

Од stylist @StylistMKD · На мај 3, 2018

mitko kunovski

Утре, на 4-ти мај, 2018 година со почеток од 20 часот во НЛБ Галеријата ќе биде отворена ретроспективната ликовна изложба на Митко Куновски

Куновски е автор на неколку самостојни изложби, а како долгогодишен член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија учествува на речиси сите изложби во организација на ДЛУМ. Со три самостојни изложби во странство и учество на изложби во Париз и Софија, како дел од составот на Македонски Уметници, го остава својот печат и на меѓународната уметничка сцена. 2002 година во издание на Наша Книга – Скопје издадени се шест дела – сликовници по Марко Цепенков, со потпис на Митко Куновски, со кои добива прва награда на Саемот за Книга во Скопје. Митко Куновски се јавува и како автор на серии цртани емисии за деца кои се редовно емитувани на Македонската Телевизија.

Д-р Васил Тоциновски вели: авторот се пресоздава себеси во творештвото. Застанати пред сликите на Митко Куновски, пред неговите естетски вредности,  се откриваат чудесните мигови на осама и копнеж, спокојство и исчекување. Дарбата на уметникот едноставно и мудро ги раздиплува тие мигови како магија од човековата опстојба. Жената како субјект и како возвишено битие е во стожерот, најчесто во големиот формат на сликата. Тој како симбол и метафора на недогледните и недофатени пространства на светот и на животот, ја спротивставува жената – човекот како нивна мисла и смисла. Внатрешниот свет од мекоста и мирот кои постојано зрачат и значат од душата и срцето, несетно се претопуваат и се изедначуваат со огромноста на просторот како нивна позлатена рамка. Во тие димензии Митко Куновски во тековите и резултатите на современото македонско сликарство еве и сега се потврдува со сопствениот  сликарски ракопис и свет и низ нашата радост на нивното постојано, би рекле неуморно естетско надраснување.

Секоја слика на Митко Куновски е посебна приказна. Магијата на жената, светлината, светот и животот се искажуваат со раскошот на боите низ една смирена димензија, стишана импресија која го создава единството меѓу внатрешното и надворешното, меѓу личното и општото. Само навидум миговите на тага и исчекување веднаш упатуваат кон добрината, љубовта, разбирањето, довербата, кон древната поука за вредноста на еднаш и кратко дадениот човечки живот. Во катадневието на овој испревртен и жесток живот, Куновски и неговите прекрасни уметнички дела не се само опомена за враќање кон вистинскиот живот и кон човекот, туку и повик низ личниот пример за само таквата наша опстојба. Застанати пред платната на Митко Куновски и негледајќи го потписот на авторската идентификација, точно знаеме дека тоа е само тој, та со љубов како негово врвно творечко начело прошепнуваме да му се златат уште многу години среќа и творештво.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ПОЗИВ уметност

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

  • msu уметност

    „МСУ – Скопје ремек дела за сите“, единствен македонски проект избран од „Фондот за културно наследство Хедли за Југоисточна Европа“

  • Prague-1 уметност

    По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics