Вирџини Вјар, новата креативна директорка на модната куќа „Шанел“ и наследничката на Карл Лагерфелд, една година по доаѓањето на оваа позиција, претставува нова визија во куќата, модрнизирана и поедноставена, со допир на прпознатливите кодови на куќата, но и со свои предлози. Новата колекција на „Шанел“ за есен-зима 2020/21 прикажана на ревија на Париската модна недела, покажа дека Вјар можеби не носи револуционерки расчекори од естетиката на „Шанел“, но прави прочистување, ослободување од непотребниот декор, освежување на силуетата и внесување на младешки дух. Забележуваме сакоа од твид, накит со бисери и многу кадифе, а дизајнерката се инспирира и од романтизмот и љубовта на Коко Шанел кон коњичкиот спорт.
Нема коментари