Секоја сезона модната елита се собира во историската Grand Palais во Париз во исчекување на новата модна приказна на Карл Лагерфелд за модната куќа „Шанел“ во која работи повеќе од три децении. Овојпат шанеловиот спектакл ја имаше атмосферата на типична париска пивница, Лагерфелд ги покани гостите во просторот трансфромиран во пивница наречена „Габриел“, во чест на Габриел Коко Шанел, а зад големиот шанк „работеше“ неговиот миленик Баптист Џакобини кој ги служеше манекенките Кара Делевињ и Кендал Џенер. Во скоро кафанска атмосфера Лагерфлед ја престави новата визија на „Шанел“ за сезоната есен-зима 2015/16 во која преовладуваат варијации на женски костими од твид, кариран и пепито дезен, низа на црни фустани и ретро силуета. Еве дел од атмосферата…
Нема коментари