На италијанскиот брег, во Портофино, италијанскиот дизајнерски тандем Доменико Долче и Стефано Габана ја претставија новата колекција на алта мода, уште еден омаж на сицилијанскиот колорит, италијанската жена и главната тема – цвеќиња, но преку азиски референци. Колекцијата Sogno di una notte a Portofino за есен 2015 содржи кринолинести фустани со принтови на зрели плодови и шарени папагали, креации од тантела, богато украсени корсети, цветни венчиња, но и навраќање на азиската икконографија преку раскошни свилени наметки во стилот на кимоно и масивни златни украсни за глава. Дизајнерите колекцијата од типот алта мода, пандан на францсуката haute couture, редовно ја прикажуваат во родната Италија, надвор од официјалниот распоред на Париската недела на висока мода.
Нема коментари