Либанскиот дизајнер Ели Саб е препознатлив по свечени фустани и креации за на црвен килим, но во колекцијата за есен-зима 2020/21 прикажана деновиве на Париската модна недела покажа дека креира и дневни стајлинзи, покуси фустани, елегантни кошули и костими. Саб сепак остана имун на трендовите инспирирани од уличната мода и кај него нема да најдете спортска и премногу лежерна естетика. Дизајнерот останува доследен на елеганцијата и деликатноста и сега нуди нова доза на женствени креации со многу тантела, кадифе и вез, проѕирни ткаенини и точки, нагласени раменици и панделки, црна боја и интензивни тонови на смарагд и сафир.
Нема коментари