Македонската дизајнерка Евгенија Зафировска откако магистрира моден дизајн во Љубљана, остана да работи во овој град и токму таму ја прикажа новата колекција. На ревија во рамките на штотуку одржаната Љубљанската модна недела, таа прикажа креации во кои повторно во моден контекст ги спојува нејзините препознатливи креаторски кодови – архитектура, традиција, модерна технологија и занаетчиски техники. Во модната приказна на Евгенија се вклопија и чантите на Теја Теглиќ.
Нема коментари