Да се разберат сите референци на Алесандро Микеле не е лесна работа, дизајнерот во своите колекции за модната куќа „Гучи“ не се ограничува на една тема и неговиот еклектичен израз повторно го видовме на вчерашната ревија во Милано. Највпечатливи беа маските што моделите го носеа на своите лица, а Микеле маската ја избра како метафора за колeкцијата – облеката е наша маска која во исто време и открива и покрива.
Во колекцијата се мешаат помаженствени кроеви, темата на родова флуидност преку маските што означуваат хермафодитски суштества, максималистички спој на бои, светки, тантела, шари преувеличени сакоа и панталони, шарени патики кои многу веројатно ќе бидат хит на уличната мода, сајберпанк и детали како боцки и златни уши.
Нема коментари